(Видео) Арсовска: Решаваме повеќедецениски проблем за граѓаните – Започнува реконструкција на улицата “Перо Наков”

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска го најави, како што кажа таа, долгоочекуваниот проект за реконструкција на улицата “Перо Наков” во Гази Баба, која моментално се наоѓа во катастрофална состојба.

– Добар ден почитувани медиуми, драги граѓани, денеска имам исклучителна чест да го најавам овој проект којшто е долгоочекуван, а тоа е реконструкција на улицата “Перо Наков” која претставува повеќедецениски проблем за граѓаните и луѓето кои транзитираат овде во Гази Баба.

Се реконструираат точно околу два километри од оваа улица “Перо Наков” и истата на барање и на задоволство на граѓаните кои што тука живеат и гравитираат околу месните заедници Кирил Петрушевски, Триангла и Маџари 1. Она што е навистина значајно е дека покрај целосната реконструкција на оваа улица следи и исто така збогатување на овој потег тука со соодветно зеленило меѓутоа и исто така целосна реконструкција на автобуските постројки кои се наоѓаат тука, рече Арсовска.

Градоначалничката истакна дека приоритет за Градот не е само движење по улици какви што доликуваат на 21 век, туку и сигурноста и безбедноста на граѓаните кои транзитираат на тој потег.

– Сметам дека за над 10.000 граѓани кои секојдневно транзитираат тука на овој потег, имавте можност да видите во каква катастрофална состојба се наоѓа оваа улица и верувам дека на барање на граѓабните ќе овозможиме не само да се движат по коловоз кој е соодветен за граѓаните за работа и живот во 21 век, меѓутоа едновремено она што е важно за нас и кое е еден од нашите приоритети е да овозможиме да се движат сигурно и безбедно по градските коловози, истакна Арсовска.

ЛИНК од видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…

Штедете и гответе оброци што не бараат…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…