(Видео) Арсовска: Целосно реконструирани и асфалтирани краците на ул. Христофер Жефаровиќ
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на Фејсбук објави дека се завршени градежните работи на краците на улицата Христофер Жефаровиќ.
-Ги завршивме градежните работи на краците на ул. Христофер Жефаровиќ, улица која минатата година Град Скопје ја градеше и која беше во катастрофална состојба каде жителите се движеа по кал со децении, а воедно беше посочувана од нив како опасност по учесниците во сообраќајот.
Екипите на ЈП Улици и патишта кои ги изведуваат градежните работи по налог на Градот Скопје, завршија со асфалтирање на краците на оваа улица, со цел реализација на барањата на граѓаните согласно програмата За модерно Скопје, напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претреси во Скопје, пронајден амфетамин
Денеска (26.12.2024) во 10.15 часот од страна…
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…