Објавено на:

(Видео) Башар ал Асад по „бегството“ во Русија стана сосед со семејството на Слободан Милошевиќ

t

Фамилијата Асад по добиенот азил од Русија, новиот живот ќе го започне во мала луксузна населба во селото Барвиха, западно од Москва, каде што сосед ќе му биде поранешната фамилија на Слободан Милошевиќ.

Според Марк Галеоти, новинар од Спектатор, ал Асад ќе биде уште еден експонат во „Најчудната зоолошка во светот: Путиновата збирка на поранешни диктатори“.

Населбата на прв поглед не се разликува од останатите руски села, но доколку се навлезе подлабоко, можат да се забележат високи метални огради зад кои се сместени луксузни вили и дворци.

-Во времето на Советскиот Сојуз, во ова село биле доделувани куќи на високи политички службеници и останати заслужни и лојални државни работници, но денеска тоа е дом на невкусно богати тајкуни, соборени поранешни диктатори и нивни семејства- пишува Галеоти.

Меѓу сите горенаведени, во овој округ веќе долго време живее фамилијата на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, неговата сопруга Мира Марковиќ заедно со синот Марко Милошевиќ и уште најмалку три поранешни диктатори: поранешниот претседател Аскар Акајев од Киргистан (по Револуција Лале во 2005), Аслан Абасидѕе од Грузија (осуден за тероризам и убиства во својата земја) и поранешниот претседател на Украина, Виктор Јануковиќ (избеган по „Револуцијата на достоинството“ во 2014 година).

Се претпоставува дека Башар и Асма ел Асад се најнови членови на оваа заедница.

Селото располага со раскошниот трговски центар „Куќата на соништата“, исполнет со продавници на врвни дизајнерски брендови како Диор и Гучи, а исто така во склоп на Барвих се наоѓа и освластен автомобилски салон на Ферари.

Според процените на америчкиот Стејт Департмент, богатството на семејството Асад изнесува околу 2 милијарди долари, распоредени и скриени низ лажни корпорации и „офшор“ сметки низ светот. Ова богатство би било доволно за ел Асад и неговата сопруга да го продолжат својот живот во егзил, исполнет со раскош, луксузни навики, дискретен помошен персонал и приватно обезбедување, кое според многумина се верува дека ќе биде составено од агенти на руските Федерални сигурносни служби (ФСБ).

-Сега фамилијата Асад мора да исполни се што од нив бара Кремљ. Во моментот најважно за нив е да молчат и да не го потсетуваат светот дека Москва го задржала неуспешниот диктатор на Сирија. А сега кога и излегуваат видео записи од ужасите што се случувале во затворот Седнаја, и снимки од луксузната гаража на ел Асад исполнета со најскапи возила додека обичниот сириец зивее во незамислива беда, се помалку веројатно е дека некој ќе го сожалува овој сириски диктатор- додава новинарот Галеоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски изгубен во сопствените лаги – реалноста…

Мицкоски изгубен во сопствените лаги - реалноста…

Наследник на иранската монархија: Пад на режимот…

Последниот наследник на иранската монархија, Реза Пахлави…

Цените на нафтата паднаа за 5 отсто…

Цените на нафтата паднаа за повеќе од…

Вториот блок на РЕК Битола вклучен во…

Вториот блок на РЕК Битола, попладнево од…

САД: Не се регистрирани напади на други…

Не е регистриран ирански напад во ниту…