Објавено на:

(Видео) Бајден го критикува Нетанјаху: Погрешен е неговиот пристап за војната во Газа

t

Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за војната во Газа е погрешен, изјави американскиот претседател Џо Бајден во интервју американската телевизија на шпански јазик Јунивижн, критикувајќи го израелското справување со конфликтот, а истовремено повика на прекин на огнот, пренесува Си-ен-ен.

„Мислам дека тоа што тој го прави е грешка. Не се согласувам со неговиот пристап“, рече Бајден.

Бајден го нарече за неселективно израелското бомбардирање на Газа.

Инаку, како што пишува и Си-ен-ен, ова е една од најсилните критики кои Бајден досега ги упатил кон Нетанјаху, особено откако во израелските напади беа убиени седум хуманитарни работници на Светската централна кујна, што предизвика незадоволство и во Белата куќа.

Бјаден го повика Израел да се согласи на прекин на огнот и посочи дека нема оправдување за неиспраќање хуманитарна помош.

„Она на што повикувам е Израелците да повикаа на прекин на огнот, да им овозможат на следните шест, осум недели целосен пристап до храна и лекови кои влегуваат во земјата. Зборував со сите, од Саудијците до Јорданците и Египќаните. Тоа треба да се направи сега“, вели Бајден во интервјуто.

Израел соопшти дека вчера 468 камиони со помош влегле во Газа, откако 419 влегле завчера, што е најголем број во последните шест месеци од почетокот на конфликтот.

Сепак, ОН соопштија дека сè уште е не е исполнет минималниот минимум за да се задоволат хуманитарните потреби.

За потсетување, Бајден силно го поддржуваше Израел после нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Нетанјаху пред неколку дена рече дека одредил датум за голема офанзива на Рафа на египетската граница на која Вашингтон силно се противи.

Со оглед на тоа што во САД во ноември треба да се одржат претседателските избори, според аналитичарите, Бајден се соочува со противење на неговата политика за Газа од муслиманските гласачи, со што клучните сојузници го повикуваат да го промени курсот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…