(Видео) Баџанакот на Мицкоски има фирма во Бугарија, каде завршуваат парите од семејните шеми?

t

Денеска започнуваме со откривање на шемите на фирмите на најблиското семејство на Мицкоски во Бугарија и Македонија, соопшти на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

– Денес ќе дознае јавноста, зошто ДПМНЕ и Мицкоски всушност ширеле лаги за претседателот Венко Филипче, тоа било единствено за една цел, за да ги покријат фамилијарните бизниси на Мицкоски во Бугарија и Македонија. 

Во следните денови јавноста ќе ја дознае вистината за тоа кој од најблиското опкружување на Мицкоски врти милиони и како го поддржува Мицкоски. 

Одиме со ред.

Во Петрич, Бугарија, на улица Антон Попов брј 57 е регистрирана фирмата ДАНО ТРАНС ЕООД, на баџанакот на Мицкоски – Јорданчо Јанев, од Струмица. Јанев кој важи за еден од најблиските соработници на Мицкоски, меѓу другото и фамилијарно поврзан, вртел пари преку оваа фирма. До 3 милиони бугарски лева биле свртени од оваа фирма во Бугарија, во 2018 година односно околу 1,5 милиони евра.

Одиме понатаму. Во бизнисот не е само баџанакот на Мицкоски. На оваа иста адреса, на улица Антон Попов брј 57 во Петрич Бугарија, има уште една фирма, Инфинити транспорт група.

Раководител и сопственик е Дончо Карастоев, прв братучед на баџанакот на Мицкоски. 

Го прашуваме денеска Христијан Мицкоски. Има ли фирми со исти или слични имиња и во Македонија? Дали овие фирми и овие лица се финансиери на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ?

Колку милиони евра свретеле и каде завршиле дел од тие пари? Дали кај членови на семејството на Мицкоски или и во ВМРО-ДПМНЕ?

Доколку Мицкоски не одговори, СДСМ ќе ги објави сите информации за тоа кој навистина врти милиони. – истакна Кузеска.

Портпаролката нагласи дека неодамнешните прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ за Бисера Костадиновска Стојчевска биле обид за дефокус од бугарските фирми поврзани со Мицкоски.

Инфомакс претходно објави ексклузивни информации за фирми во Бугарија на луѓе блиски до Христијан Мицкоски. Повеќе детали на линковите во продолжение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Трајчулески: Бегството на Груби е страшна порака…

Државата и институциите на системот целосно затаиле…

СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…

ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…

СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…

СДСМ се огласи по повод изјавата на…

СДСМ бара Таравари да поднесе оставка

Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…