Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на Македонците во Бугарија има бугарски фирма – претседателот на правна на Мицкоски има проблем со Бугари, но не и со левови

t

Само како трагедија може да се оквалфикува ова што денес ќе го прочитате. Тони Менкиноски, адвокат и поранашен претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, еден од најблиските луѓе на Мицкоски, човекот кој се претставува како најголем борец за правата на реално обесправените Македонци во соседна Бугарија има фирма во Бугарија која заработува илјадници евра.

Да добро прочитавте….

Менкиноски своевремено беше претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, а токму на фотографијата подоле можете да го видите со Христијан Мицкоси на средба со Амбасадорката на Кралството Шведска. Во моментов на официјалната страна на ВМРО-ДПМНЕ не стои кој е актуелен претседател на правната комисија.

Адвокатот Менкиновски во моментов е и застапник на здруженијата на Македонците во Бугарија. Менкиноски со јавноста редовно споделува дека Бугарија покажува јасна агресија кон Македонија, но заборава да каже дека во држава по која плука има свој бизнис.

Во изјава за медиуми Менкиноски како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права, вели : Признавањето на правата на малцинствата не го бара Македонија, туку во случајот со Бугарија тоа го бара Советот на Европа. Почитувањето на малцинските права е демократски меѓународен стандард, кој треба да биде вграден во внатрешното уредување на секоја земја што се изјаснува за демократска, особено ако е и членка на ЕУ.

За иронијата да биде уште поголема неодамна во свој статус на Фејсбук, Менкиноски елаборира зошто е важно носителите на јавни функци во Македонија да имаат само македонско државјанство.

Патриотски, нема што, особено ако не се нагласува фактот дека Менкиноски, како што самиот потврди во разговор со Инфомакс, има дел од фирма во Бугарија. Да, компанијата која сега го носи името на бугарски „ГРИЙН БИОТЕХ“, на англиски „GREEN BIOTECH LTD“ или, како што Менскиноски сам кажа, скратеното име на фирмата е ГБТ.

Разговор со Менкиноски

Како што кажавме Менкиноски, откако му поставувме прашање во врска со фирмата ни се јави, а овде ќе пренесеме дел од разговорот бидејќи за разлика од Менкисноски, ние не го снимавме разговорот, само запишавме податоци.

Менкиноски самиот признава дека има, моментално, малцински дел од погоре споменатата фирма, за која објавснува дека е израелско-италијански конзорциум кој работи со отпад, депонии, цементари и слично. Како што самиот рече „има носам ѓубре на Бугарите„. Додуша Менкиноски најпрво негираше дела има дел во фирмата, можеби поради забуна бидејќи не ни знаеше како се вика компанијата во која има удел, за подоцна да објасни дека има малцински дел од компанијата бидејќи остатокот го продал пред извесно време.

И за време на разговорот, како што и сега пишуваме, му беше посочено дека не е фер додека зборуваме дека Бугарите се најголемите диктатори на Македонците, им ги ускратуваат сите права во Бугарија, во меѓувреме да се печали од работа токму во таа држава.

Доколку пропуштаме некој детал, господинот Менкиноски ќе може подобро да дополни, како што кажавме, тој го снимаше разговорот, а не ние.

Во секој случај, признание имаме, дополнето со обид за (да го наречеме тоа) предупредување, иако звучеше и како закана. Но да не бидеме престроги нели?

Иако, ако добро размислите, зошто некој би пробал да предупредува, доколку знае дека е во право?

И да, ништо инкриминирачно нема во тоа да се има компанија во било која држава, но останува фактот дека не е чесно да се правите најголем патриот и заштитник на Македонците од неправедната Бугарија, а да печалите токму од бизнис кој го имате во таа Бугарија.

Детали за компанијата

Официјалните податоци на Бугарија за Тони Менкиноски го поврзуваат неговото име со три компании, покрај веќе споменатата „ГРИЙН БИОТЕХ“, неговото име се споменува и кај компаниите „ПАРУС – 2 ЕООД“ и „САКУРА-7477“.

За „ГРИЙН БИОТЕХ“

Седиштето на фирмата е во Велико Трново, детали за даночниот број на фирмата и останатите јавно достапни податоци можете да видите во продолжение.

Како што можете да видите фирмата се занимава со трговија, собирање, обработување, региклирање и други дејности со отпад.

А еве и податоци за финансиските резултати на компанијата, достапните податоци се за 2020 и 2021 година.

И за крај, да повториме. Не е криминал да имате фирма во Бугарија, само не е фер пред народот да се претставувате како најголем заштитник на Македонците во Бугарија, а истовремено да криете дека печалите од истата таа држава.

А во продолжение, потсетете се на фирмите на останатите функционери и лица блиски до врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

На граница е приведен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

Претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово…

Најчевска: Алтернатива на СДСМ не е ДПМНЕ

Професорката Мирјана Најчевска се огласи со свој…

Бојкотираа НОБ, ОН, референцум, попис, бојкот е…

Ги читам соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос…