(Видео) Блокадите за „Пулс“ во Кочани ќе траат по еден час секој ден – ако нема одговор од институциите ќе продолжат во Скопје

t

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава со следната порака на роднидние на настраданите.

-„Срамен и понижувачки е односот кон трагедијата во Кочани и затоа од денеска секој ден во Кочани ќе се одржуваат мирни протести и блокади. Блокадите ќе траат по еден час секој ден – од 15:15 до 16:15 часот – сè додека не започне судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот за време на 26-тиот „Марш за ангелите“ одржан вчера пред Основниот суд во Кочани. Тие беа испровоцирани од изјавите на адвокатите на обвинетите, според кои случајот може да трае помеѓу 10 и 15 години.

Родителите на жртвите бараат судот да се зголеми за да не се одложи судењето поради недостаток на ресурси.

Тие исто така нагласуваат дека рочиштата мора да бидат приоритетни и да се одржуваат со постојано темпо за да може случајот да продолжи без непотребни одложувања.

Родителите изразуваат сомнежи за можна манипулација или намерно одложување на процесот и инсистираат сите дејствија да се спроведуваат јавно и транспарентно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Блокадите за „Пулс“ во Кочани ќе…

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест…

Сомнежи за обид за партиски вработувања на…

Државната комисија за спречување на корупцијата на…

Ова се чекаше 3.000 години, кажа Трамп…

Доналд Трамп го потпиша документот за примирје…

Рекордните цени на златото и среброто во…

Денес, тој одекна рекордно гласно. Инвеститорите, разнишани…

(Фото) Се асфалтира во Делчево затоа што…

После речиси 3 години затворен мост пред…