Ова се чекаше 3.000 години, кажа Трамп откако го потпиша договорот за примирје во Газа
Доналд Трамп го потпиша документот за примирје во Газа, велејќи дека светот го чекал овој момент 3.000 години. По краткиот престој во Израел, Трамп се придружи на десетици светски лидери на меѓународен мировен самит во египетскиот град Шарм Ел Шеик.
„Беа потребни 3.000 години за да се дојде до оваа точка, дали ви се верува? И овојпат ќе опстане. Потпишавме документ кој ќе наведе многу правила и прописи и многу други работи и е многу сеопфатен“, кажа Трамп.
САД беа едни од посредниците во склучувањето на прекинот на огнот помеѓу Израел и Газа, заедно со Египет, Катар и Турција.
„Сите се среќни. И порано сум правел големи договори, но ова е спејс шатл во споредба со тоа. Порано имаше предвидувања дека трета светска војна ќе почне на Блиски Исток, но тоа нема да се случи“, рече Трамп.
Тој допатува во Египет откако Израел и Хамас ги разменија заложниците и затворениците. Хамас ги ослободи сите 20-мина живи заложници и ги предаде телата на четворица починати заложници, додека Израел пушти речиси 2.000 Палестинци од затворите.
„Ова е денот за кој луѓето од целиот регион и целиот свет работеа, се стремеа, се надеваа и се молеа. Во изминатиот месец тие направија работи кои мислам дека беа навистина незамисливи. Никој не помисли дека ова може да се случи. Цивилите се враќаат во своите домови, заложниците се обединуваат со семејствата. Прекрасно е. Зад сцената го гледам нивото на љубов и тага. Никогаш не сум видел нешто слично. Сега започнува обновата на Газа, што можеби ќе биде најлесниот дел. Мислам дека го завршивме поголемиот дел од најтешкиот дел“, рече Трамп.
Емануел Макрон, Фридрих Мерц, Џорџа Мелони, Махмуд Абас, Кир Стармер, Кирјакос Мицотакис, Реџеп Таип Ердоган и Марк Карни се меѓу лидерите кои присуствуваат на самитот. Трамп во последен момент го поканил и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но ова било откажано поради противењето на Ердоган.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…
МОН најавува поголема поддршка за науката: Пристап…
Министерството за образование и наука соопшти дека…
Трамп рече дека не планира нови напади…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира…
Над 90 уапсени во Србија за две…
Повеќе од 90 лица се уапсени во…
Киев Индипендент: Сите зборуваат за Трета светска…
Шведска вложува во војската, ги обновува јавните…