(Видео) Бог да чува: Момче ја запроси девојката на погребот на татко и

t

За повеќето жени веридбата е многу важен момент во животот и речиси сите сонуваат дека моментот кога партнерот ќе клекне пред нив е магичен.

Сепак, во животот нема секогаш се да биде како што замисливме, а тоа го докажува и приказната за свршувачката на еден пар од Јужна Африка.

Момчето по име Мојела објави видео на социјалната мрежа ТикТок, на кое се гледа како и изјавува љубов на својата девојка и ја прашува дали сака да се омажи за него.

Сето ова не би било невообичаено доколку ова момче не ја запроси својата девојка на погребот на нејзиниот татко.

На видеото се гледа тажна девојка која седи во првиот ред во близина на нејзиниот починат татко, додека нејзиното момче клечи пред неа.

Видеото стана вирално, а корисниците на социјалните мрежи го критикуваа мажот, велејќи дека ја искористил ситуацијата додека неговата девојка не „размислила трезвено“. Многумина истакнаа дека ова е непочитување и дека целата идеја е погрешна.

– Ова е толку погрешно и нема оправдување за таков потег. Се надевам дека одбила да се омажи за тебе, напишал еден маж.

-Девојката го изгуби татко и, требаше да ја оставиш да го исплаче, не вака. Одвои момент и го допредното. Ова е непочитување и кон неа и кон нејзиниот татко, додаде друг.

Не се знае дали девојката дала потврден или негативен одговор, но се гледа како го задржала прстенот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Африка како на Шапка: Наврнаа два…

Обилните снежни врнежи ги затворија патиштата во…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Доаѓа топол бран од Африка: Температури до…

Пред нас е нов бран на повисоки…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…