(Видео) Божиновски ексклузивно за Инфомакс: КОВАЧЕВСКИ ДОБИЛ НАГРАДА ЗА ДОБРО ЗАВРШЕНА РАБОТА ЗА МОНОПОЛИЗАЦИЈА НА ТЕЛЕКОМ ВО МАКЕДОНИЈА!?

t

Кога го видов Заев во коалиција со ДУИ, а имам дедо загинат во борба со балисти, тие се профитери и трговско друштво, јас расчистив прво во себе и после и со Заев јавно и си тргнав по мој пат, објаснува во денешната епизода на Тешки муабети новинарот Зоран Божиновски.

Заев лично се заложил кај Катица Јанева да го земат мојот случај, да го тераат до крај, Елизабета Јосифовска му ветила дека таа ќе ме тера мене до затвор, еве ден денеска расчистуваат, двапати изгуби на суд од мене.

Среќа судијката од Гостивар прифати Заев да биде сведок, имавме соочување и му ветив дека наскоро нема да биде премиер, тој дел си го остварив, му ветив притвор и се борам за тоа да заврши во притвор затоа што е ретко-виден општествен штетник.

Имам дописник од Телеком, работи внатре, гледа што се случува, бил и кога ги купувале функционерите од СДС, ДУИ, ДПМНЕ за да си купат закон за мобилизација, кога ја донеле А1, дописникот гледа како на луѓето лесно им даваат откази без отпремнина, дека немаат милост и дека Телеком одамна не етелекомуникациона фирма туку фирма која дава услуги.

Јас имам неколку мејлови јавно објавено во кои менаџерите се допишуваат со Славко Пројковски, Никола Љушев и Димитар Ковачевски, тогаш секторски директор.

Деншната порака е најстрашна од сите пораки кои ги имам.

Во пораката го атачира комплетниот менаџерски борд.

Драги пријатели ви благодарам за соработката и извршените задачи во соработка со Владата на Македонија. Заедно во соработка со унгарски и Дојче Телеком, и секако да не го заборавиме Космотелко, завршимве одлична работа со монополизација во Македонија и Црна Гора.

Очекуваме наскоро да влезе и нашиот втор оператор, Австриски ВОП. Сите менаџери вклучени во процесот ќе бидат наградени соодветно, коли, бонуси итн.

Во моментов Дојче Телеком има афера со прислушкување. Кога ќе го решиме ве поканувам на одмор во еден од ски-центрите во Австрија, пишува во мејлот во кој понатака менаџерот посакува и идни соработки.

Овде имаме признание дека направиле монополизација во Македонија и Црна Гора, тоа во ЕУ не постои, нам ни доаѓа фирма кој не само што воспоставува монопол туку ни инсталира инсталат наречен Димитар Ковачевски.

Дојче Телеком во моментов во Макеоднија управува како со корпорација, не самостојна држава.

Овде велат нашиот А1, ако енаш значи не е конкуренција, значи нема конкретен конкурент на терен. Исто така додава дека ќе ги наградат менаџерите, коментира Божиновски кој додава дека имаме поткупени функционери од трите најголеми трговски друштва (партии) за да се монополизира работата на Телеком.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…