(Видео) БОМБА: Од 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, најмалку 20, според Каракачанов имаат бугарски пасош!
Со внес на Бугарите во Уставот истите ќе почнат да се вработуваат со квоти, тоа дополнително ќе ја зголеми желбата кај посиромашното население на кое му треба работа и плата да се декларираат како Бугари, ќе можат да си роварат без проблем, ќе треба да добијат национална телевизија на бугарски јазик за да тераат пропаганда дека не сме Македонци итн, велат во днеешните супер Тешки муабети нашите ко-водители.
-Се ова што го прават Буарите во Македонија со македонски пари, сами ќе треба да си плаќаме великобугарска шовинистичка пропаганда против Македонија. Не знам како на Мицкоски не му е јасно тоа. Ги вградуваме во наш систем, сега се пропаганда, тогаш ќе бидат системско решение.
Ќе атакуваат на бројка од 100.000 бугарски државјанства во Македонија и според тоа ќе бараат права, вели Горан Костовски.
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, открива дека Каракачанов, во одговор на прашање на Инфомакс одговорил дека дваесетина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ веќе имаат бугарски пасоши.
-Мицкоски ова го знае но тој за да даде некој како контра-одговор вели ние ќе бараме како услов барем три од пресудите на Стразбур да ги одбере Бугарија и да ги имплементира за правата на Македонците во Пиринска Македонија. Дури и Бугарија да го направи тоа, импликациите по Бугарија како држава, сите пресуди да ги прифати нема да имаат таков проблем каков што ќе има Македонија од причина што Бугарија има граѓански Устав. Кај нас тие ќе бараат квори, Охридскиот рамковен договор ќе се однесува на нив, пратеници, уставни судии, образование.
Од 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, најмалку 20, според Каракачанов имаат бугарски пасош, тој мене не ми дал погрешна информација до сега, нагласи Митовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…
(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…
Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…
СДСМ: „Журка со факли среде жалост: Како…
Додека цела Македонија тагува по трагедијата во…