(Видео) Бранителите да се борат храбро за своите права! Барам средба со Претседателот и Премиерот!
Надица Мирчовска, бранител од 2001 година и сопруга на починат командант на воена полиција, во интервју за Инфомакс побара средба со премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Педнаровски, за решавање на проблемите на бранителите.
– Под итно барам средба со Претседателот и Премиерот, тие се најкомпетентни да го решат случајот, не само овој, многу други.
Ние што сме учествувале во војната не заслужуваме ништо, а што да каже обичниот граѓанин кој нема никакви документи и факти да се бори и да бара нешто?
Најосновни средства за живот бараме, јас апелирам бранителите да застанат храбро, како и во 2001-вата година, да се борат за своите права. Тие луѓе заслужуваат!
Се што сме побарани сме заобиколувани, никој не собра сили да најде решение за таа категорија која не е мала, ама не е ни толку година. Ако државата има пари да одвојува средства за глупости и утре не дај Боже нешто да се случи, с епрашувам дали некој ќе се јави да оди? Зошто знаете како се окарактеризирани бранителите, тие отидоа за пари, зошто мамини мази не отидоа за дневници? Бранителите беа најниската класа, ние знаеме кои беа бранителите, за да сега ги понижуваат, да не ги третираат како луѓе?
Срамота! – вели Надица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Африм го „буши“ Мицкоски: Има можност, но…
Африм Гаши се поигрува со бранителите, премиерот…
Изет Меџити се заканува, Ковачки го нема…
Една година пред да станат власт, пратениците…
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…