(Видео) Брука: Карпош го има најнекомпетентниот и најарогантен состав на советници досега
Општина Карпош се соочува со до сега најнекомпетентен состав на советници. Незнаењето инаетот и ароганцијата се нивна карактеристика. Советникот од Левица Бранко Ристов е претставник од неговата партија веќе седум ипол години во општина Карпош. За жал, во моментот ја извршува функцијата претседавач на Советот.
Тој во договор со градоначалникот Стевчо Јакимовски, а по барање на граѓани, ставил два плана на седница на Совет и дал ветување дека неговата советничка група доколку градоначалникот ги изземе сите спорни објекти кои ним не им се допаѓаат тие ќе ги гласаат овие планови. Ветувањето било дадено во присуство на граѓанка од Карпош 1, но на самата седница тој станува и вели: „Советничката група на Левица нема да гласа за донесувањето на ДУП-овите, но ќе гласа за изземање на одредени делови.“
Градоначалникот Јакимовски од место му дофрла: „Како може да гласаш за изземање на негови делови ако не си го донел деталниот план?“, а тој одговара: „Ми се може БЕ, ми се може!“
На јавна сцена демонстрира некултура, му се обраќа на градоначалникот со БЕ и вели ми се може. Како да тера инает со некој од своите домашни. За жал, на самата седница присутни се граѓани кои кога го видоа овој безобразлук станаа и со негодување си заминаа. Замислете, без и малку срам, дрско и безобразно, покажа непочитување кон граѓаните. Меѓу нив имаше сериозни, возрасни, па дури и пензионери, на кои им се насмевнала среќата да можат да обезбедат за своите деца стан или некое поткровје, а тој покажува изживување недостојно за еден млад човек кој од петни жили се труди да им одмага на граѓаните демонстрирајќи го своето незнаење и безобразлук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Водовод“: Голем дел од Карпош денес ќе…
Поради дефект денеска без вода ќе останат…
Старица ограбена во Карпош
На 11.06.2024 во 17:50 часот во СВР…
Украден сеф од објект во Карпош!
Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…
Ограбена аптека во Карпош
На 20.03.2024 околу 21.05 часот во СВР…
Советот на Општина Карпош ја усвои завршната…
Во рамки на 45. седница, членовите на…