Видео: Бујар Османи му дава прва помош на повреден велосипедист по сообраќајка во Скопје

t

Кандидатот за градоначалник на Чаир и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи, денес се нашол на лице место по сообраќајна несреќа што се случила во Скопје, во која велосипедист бил удрен од автомобил.

На видео-снимка која ја направил случаен минувач, се гледа како Османи, заедно со уште неколку други граѓани, му дава прва помош на повредениот велосипедист додека да пристигне екипата на Итната медицинска помош. Османи и останатите се обидуваат да го стабилизираат мажот, кој лежи на коловозот.


Инцидентот се случил во текот на попладневните часови, во близина на фреквентна раскрсница. Засега нема официјални информации за причините за несреќата, ниту за здравствената состојба на повредениот велосипедист.

Од тимот на Османи не беше дадена официјална изјава, но од снимката е јасно дека тој веднаш пристапил да помогне.

View this post on Instagram

A post shared by iNFOMAX mk (@infomax.mk)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео: Бујар Османи му дава прва помош…

Кандидатот за градоначалник на Чаир и поранешен…

Драма во Чаир, имало и пукање: Полицијата…

Денеска (06.09.2025) полициски службеници од СВР Скопје…

СДСМ: Мицкоски и Орце ќе продолжат со…

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш го…

Османи: Чаир е во мрак, небезбедни улици…

Чаир е оставен во мрак, повеќе од…

Малолетнички малтретираат и снимаат девојче во Чаир:…

СВР Скопје го расчисти случајот со нападот…