Османи: Чаир е во мрак, небезбедни улици и јавни простори
Чаир е оставен во мрак, повеќе од 40% од светилките не работат. Тоа значи небезбедни улици, паркови и јавни простори, реагира на Фејсбук кандидатот за градоначалник Бујар Османи.
– Mојата програма е јасна:
Целосна замена со современо LED осветлување (до 60% помали сметки за струја)
Покриеност на сите јавни простори: училишта, игралишта, пазаришта, паркови, пешачки премини
Смарт систем за контрола и брза поправка на дефекти
Транспарентни јавни набавки достапни за секој граѓанин
Вклучување на граѓаните преку апликација и телефонска линија (реакција во рок од 48 часа)
Време е Чаир да блесне со светлина, безбедност и нов почеток! – напиша Османи на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меџити: Чаир е само шеста општина во…
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на…
СДСМ: Во Чаир законите не важат
Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…
Опожарени три возила во Чаир
На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР…
Арсовска прашува: Каде е обвинението против Ганиу…
Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска,…
ДУИ: Компанија основана во 2024 година добила…
Соопштение на ДУИ: Корупцијата во Чаир станува…