(Видео) Вагнер има нов дом? – Њујорк Тајмс објави сателитски снимки од база во Белорусија
Њујорк Тајмс пренесе снимки на американската компанија „Планет лабс“ кои сугерираат дека се гради нова база за платениците од групата „Вагнер“ во Белорусија. „Дали е тоа новиот дом на „Вагнер?“, стои во насловот на статијата која ги пренесува ставовите на Лорд Ричард Денат, поранешен шеф на британската армија, кој смета дека „Вагнер“ нема да се распушти по неуспешниот бунт, туку дека ќе ја нападне Украина од Белорусија поради близината на Киев до границата.
Последните информации за „Вагнер“ според руското Министерство за одбрана се дека војниците ќе бидат разоружани, а дека предметите за нив во руските служби ќе бидат укинати. Но, видеата на „Планет лабс“ сугерираат нешто друго и ги потхрануваат непотврдените гласини и шпекулации за наводниот напад од белоруска територија.
Сателитските снимки прикажуват забрзана изградба на објекти за привремено сместување во напуштена воена база во Белорусија, пишува Њујорк тајмс. Наводно тоа би можело да биде новиот дом на единиците „Вагнер“. Изградбата на нови згради првпат беше забележана во понеделникот на 26 јуни.
На снимката се гледаат најмалку шест реда огромни шатори за привремено сместување на луѓе на спортското игралиште од околу 32.000 метри квадратни во рамките на оградената база. Се гради и на отворениот терен веднаш до игралиштето.
Воената база од видеото се наоѓа на околу 130 километри од белорускиот главен град Минск и на околу 21 километар северозападно од градот Асиповичи, во кој се наоѓаат бројни воени објекти, вклучително и полигон за обука на војници и складиште за муниција.
Се наведува дека оваа база претходно била штаб на 465-та ракетна бригада на белоруската армија која во 2018 година била преместена поблиску до градот Асиповичи. Оваа бригада е единствената во вооружените сили на Белорусија која има руски ракети „Искандер“ кои се способни да носат конвенционални и нуклеарни боеви глави.
Интересно е и што на претходните снимки од областа направени од сателитот „Планет лабс“ во средината на овој месец, отворениот простор беше целосно напуштен и речиси и да немаше никаква активност во него.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера изјави дека западната воена алијанса е подготвена да се брани од каква било закана од преместувањето на Вагнер во Белорусија поради стравувањата дека преместувањето на приватната армија може да создаде нестабилност за источноевропските членки на НАТО, јави Ал Џезира.
New satellite images of the construction of a camp near Asipovichy: @nytimes published new satellite images by Planet Labs of the territory of the former military unit No. 61732 in Tsel village (Asipovichy district, Mahiliou region) dated 27.06.@nytimes @ckoettl
1/4 pic.twitter.com/ZJ0Q1rhyBs— Belarusian Hajun project (@Hajun_BY) June 29, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…