(Видео) Власт и опозиција – енергетска мафија! Како Мицкоски смени мислење за 180 степени?
Зошто опозицијата е толку загрижена струјата за колку и како се продава, а не беше толку загрижена претходно открива уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.
– Има судир на интереси на два клана, едните со хидроелекртани, другите со фотоволтаици, во двата клана има претставници од сите политички партии, од ВМРО и СДСМ а некаде и од ДУИ.
Опозицискава страна е хидроелектрани која сега влегува во бизнисот со фотоволтаици, а другата е фотоволтаици, а влегува во пазарот со хидроелектрани, односно енергетска мафија.
И во двете ситуации се тепаат сите за што поголем енергетски колач, во оваа криза, сега со 7-8 пати, има ситуации каде е за 15 пати поскапа од лани. Лани немаше вакви пресконференции кога беше струјата 120 евра за киловат час,, сега е 400, 500, 800, 1000 евра. Како што расте цената се заострува тепачката.
Двата клана имаат еден ист снабдувач, турбините се купени од бугарска фирма, генераторите се купени од италијанска фирма, истите генератори, турбини, трафостаници се купуваат од истите места.
Се работи за многу сериозна вака, сериозен судир меѓу две енергетски мафии, и ако се сеќаваш кога после изборите кога ВМРО-ДПМНЕ стана власт и кога ние како редакција имаме таква политика да бидеме критичари на власта, првиот судир го имавме кога објавивме текст за градоначалникот на Гази Баба и ни се јави началникот на таа мафија затоа што сме му го чепкале детето.
Јас цитирам, зошто сме му го чепкале детево, вели Митовски кој додава дека добивал повици “да не го чепка детето” од страна на, како што вели тој, началникот на мафијата.
– И сега и станива јасно дека оваа мафија си наоѓа уште еден алтернативен бизни, таканаречена алтернативна медицина, бизнисот со марихуана која сега прераснува во бизнис кој е малку посериозен од овој со струјава, тука работат и други елементи не само парите, туку и други елементи. На пример имаат поднесено барање за лиценца сега, ред некој месец за таа работа и ќе ми кажеш дека имало опозициска битка. Бараат дозвола од оваа предавничка власт.
Сега бараат дозвола и можеби ја имаат добиено во меѓувреме, немам проверено дали е издадена, четири месеци ја барале лиценцата иако во Гази Баба е се спремно, има фарма, а до неа се прави уште една фара за соларни системи.
Кога ќе се запрашате како Мицика го сврте своето мислење за 180 степени и почна на пример да го фаворизира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев кој нели беше сменет од функција од ВМРО-ДПМНЕ.
Има таква ситуација, менува вординг спрема Јанчев, а сега е најдобар градоначалнник, зошто? Треба да прочкитате еден договор за јавно приватно партнерство каде ЈКП “Комуналец и Водостопанство” Тиквеш потпишуваат договор со една хидроцентрала во село Трмник каде се обврзуваат да му плаќаат пенали за месеците кога нема вода, објаснува Митовски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…
ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…
Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…