(Видео) Владата на Мицкоски се правда – не го згрешивме знамето

t

Владата ја демантира албанската телевизија „Топ Чанел“ која објави дека „Курти вчера за малку ќе бил пречекан со знамето на Европската унија, наместо со тоа на Косово“.

Во реакцијата од Влада се вели:

-Во врска со информацијата објавена од „Топ Чанел”, сакаме да истакнеме дека се работи за класична лажна вест. Обидот за намерно создавање забуна е повеќе од очигледен и нема да помине кај ниту еден свесен граѓанин. Имено, ако внимателно се гледа видеото, јасно може да се забележи дека се работи за промена на постојното знаме на ЕУ, кое беше таму на претходната прес-конференција, со ново знаме за настанот што следеше подоцна со косовскиот премиер. Не е згрешено знамето, па сменето, туку едноставно снимена е замената на знамињата односно во прилогот злоупотребен е моментот кога е заменето знамето на ЕУ кое стои до државното за да се стави знамето на државата од каде доаѓа гостинот, во случајот премиерот на Косово, се вели во демантот од Влада.

„Овој вид на т.н. известување претставува класичен обид за релативизација на сите скандали и пропусти на претходната влада. Аматеризмот кога се грешеа знамиња на држави или се поставуваа наопаку не е, ниту може да биде случај сега со оваа извршна власт, реагираат од Влада и додаваат:

Ги замолуваме медиумите пред да објавуваат вакви сензационалистички дезинформации и лажни вести, да проверат фактите. Во спротивно, тие стануваат дел од нечесната и валканата политичка битка на ретроградните сили кои доживеаа катастрофален пораз на изборите, се вели во демантот.

Погледнете го видеото ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Владата на Мицкоски се правда –…

Владата ја демантира албанската телевизија „Топ Чанел“…

Екс-министерот направи потег без преседан! Се што…

Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на…

Кумановецот Џенгиз Мусљиу баран со меѓународна потерница…

Обвинителството во Тирана одлучи да се обрати…

Министерство за одбрана на Русија: Руската армија…

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти…

Нов инцидент: Косовската полиција запре комбе на…

Косовската полиција на преминот Јариње запрела комбе…