Кумановецот Џенгиз Мусљиу баран со меѓународна потерница фатен во Тирана: Не знам зашто се води кривична постапка против мене
Обвинителството во Тирана одлучи да се обрати до властите на Северна Македонија со барање за податоци за лицето Џенгиз Мусљиу, кој беше уапсен вчера на меѓународниот аеродром во Тирана, објави „Топ чанел“.
Според истиот извор, Муслиу бил осуден во Северна Македонија за кривични дела насилство и му била изречена казна затвор во траење од 11 години.
Мусљиу пред судијата рекол: „Имам белгиско државјанство и побарав политички азил во Белгија бидејќи сум во опасност. Знаев дека се води кривична постапка против мене, но не знам за што. И мене во тоа време ме малтретираше полицијата“.
„Но, Обвинителството нема никакви детали за што Мусљиу бил осуден од Основниот суд во Куманово во 2016 година. При контрола на аеродромот при влез во Албанија излегло дека е барано лице со меѓународна потерница“, наведува телевизијата.
Мусљиу не дал други детали за случајот и во меѓувреме, додека македонските власти не испратат податоци, тој ќе биде задржан во затвор поради екстрадиција.
Во прегледот на барани лица со меѓународна потерница на македонското Министерство за внатрешни работи стои дека Џенгиз Мусљиу е роден 11.1.1990 година во Куманово, каде што и живее на улицата Д-р Рибар бр. 120. Се бара со наредба КУИКП бр. 6/17, издадена од Основниот суд во Куманово за сторено кривично дело по чл. 386 од КЗ на РСМ за издржување казна затвор во траење од 11 години и наредба КУИКП бр. 524/14 од Основниот суд во Куманово за сторено кривично дело по чл. 215 од КЗ на РСМ за издржување казна затвор во траење од четири години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предложен притвор за 20-годишникот фатен во акцијата…
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…
Апсење на Блаце: Фатен жител на скопско…
На 15.10.2026 на Граничниот премин Долно Блаце,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Ученици од Скопје биле нападнати додека шетале…
Група ученици од Скопје биле нападнати во…