(Видео) ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот на Левица за заштита од пожари

t

ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот на Левица за заштита од пожари, објавија од Левица.

-„Секоја чест за хероите коишто се бореа со огнените стихии, но во ваква катастрофална ситуација со пожари, да не се предвидат повеќе средства за заштита од пожари не е показател на неодговорност, туку симптом на САМОУНИШТУВАЊЕ. Затоа предлагаме 200 милиони денари да се додадат во ставката за купување на опрема и машини и да се прераспределат на територијалните противпожарни единици.

Ситуацијата со шумските пожари во Македонија е алармантна! Секоја година, особено во летните периоди, Македонија се претвора буквално во ПЕКОЛ и просекот на изгорена површина во периодот од 2006 до 2023 година е околу 12.000 хектари, а тоа кулминираше во 2024. Само во 2024 година, во шумски пожари изгореа 90.000 хектари површина, што е околу 3,6% од цела територија на државата.”

Одбивањето на амандманот за заштита од пожари од страна на ДПМНЕ и коалицијата е чин на директна негрижа и нагон за доуништување на Македонија. Наместо да го остават политиканството настрана и да го приоретизираат животот, здравјето, безбедноста на граѓаните, како и нашата природа и територија – тие продолжуваат со својата деструктивна политика, истакна пратеникот Сашко Јанчев.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…

ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…

Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…

Левица бара од министерот за здравство, Арбен…

Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла

Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…