(Видео) ВМРО-ДПМНЕ да не ги блокира интересите на граѓаните и вработените во МВР!
ВМРО-ДПМНЕ да не го блокира Законот за продажба на станови кои се во државна сопственост бидејќи со тоа се решава станбеното прашање на вработените во МВР и безбедносно-разузнавачките служби, истакна дополнителниот заменик-министер во МВР, Митко Бојмацалиев.
Во продолжение неговото обраќање:
Почитувани граѓани,
Дозволете ми во свое и во име на МВР да го истакнам значењето на Законот за продажба на станови кои се во државна сопственост, а кој моментално се наоѓа во собраниска процедура. Овој закон претставува значаен чекор напред кон подобрување на условите за живот и работа на нашите вработени. Тоа е израз на признание за нивната неуморна посветеност, труд и жртва што ја прават во секојдневното извршување на полициските работи.
Верувам дека оваа мерка ќе придонесе кон мотивација и задоволство на нашите вработени, а со тоа и кон понатамошно зајакнување на нашата институција.
Почитуван претседател на Комисијата за финансирање и буџет, Бојан Стојановски,
Почитувани пратеници од македонското Собрание,
Од круцијална важност е да се одблокира процедурата за донесување на овој закон којшто е пуштен во собраниска процедура уште во 2021 година, поточно 6 јули 2021 година, а кој моментално е заглавен во Комисијата за финансирање и буџет. Овој закон овозможува лицата вработени во МВР и безбедносно-разузнавачките служби, како и оние кои се стекнале со право на пензија во МВР, да ги откупат државните станови кои ги користат подолг период, со што го решаваме нивното станбено прашање.
Недозволиво е некој во македонското Собрание да држи активна блокада и да делува наспроти интересите на граѓаните и на вработените во МВР. Затоа, ве повикувам да застанете на висина на задачата и законот да биде изгласан во интерес на сите нас, вели Бојмацалиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…
Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…
(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…
Како што веќе најави директорот на Бирото…
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…
Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…
Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…
Ни трага ни глас од скандалот на…
Ни трага ни глас од скандалот на…