(Видео) ВМРО-ДПМНЕ некогаш и денес: Што се случуваше во Кичево кога доби прв градоначалник Албанец
Јавноста бурно реагираше на изјавата на премиерот Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема да има сопствени кандидати за градоначалници во западна Македонија, бидејќи таму сопствени кандидати ќе имаат албанските партии.

Кичево доби градоначалник од ДУИ по новата територијална поделба која за оваа општина се реализираше во 2013-та. Тогаш се припоија на старата општина Кичево и неколку соседни доминантно албански, меѓу кои е и Зајас, родното место на лидерот на ДУИ Али АХмети.

Фатмир Дехари, поранешен телохранител на Ахмети, но и функционер на ДУИ во МВР и во УБК, стана градоначалник на 24-ти март 2013-та. Дехари победи и на локалните избори 2017-та и 2021-ва.
На социјалните мрежи граѓаните споделуваат видеа од тогашните настани во Кичево. Тогашниот премиер Груевски лично ги посети и оствари средба со кичевчани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ некогаш и денес: Што се…
Јавноста бурно реагираше на изјавата на премиерот…
Кај две лица во Кичево пронајдени 53…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.П.(30)…
Кичевчани пукале на семејна веселба, раниле 16-годишно…
Рано утрово, уапсени се двајца жители на…
Димковски: Со 10 денари за откуп на…
Се случува хаос во земјоделието, земјоделците се…
Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба…
*Соопштение на СДСМ Неспособното раководство на ЕСМ,…