Димковски: Со 10 денари за откуп на пченица, ВМРО-ДПМНЕ го закопа македонското земјоделство

t

Се случува хаос во земјоделието, земјоделците се оставени сами на себе едвај да преживуваат во тешки услови.ВМРО-ДПМНЕ и Цветан Трипуновски ниту знаат, ниту имаат капацитет да креираат вистински политики за развој на земјоделството, изјави Трајан Димковски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

-Лажeа пред избори дека ќе донесат нови мерки, дека ќе има повеќе пари за субвенции. Реалноста на терен е сè посурова, а македонското земјоделството тоне секој ден. Оваа година, откупната цена на пченицата падна драстично, само 12 денари за килограм, па дури и помалку. 25.000 земјоделци кои произведуваат пченица на 70.000 хектари се директно засегнати.

И овие 12 денари што Трипуновски сака да ги преставува како висока откупна цена, на терен се пониски. По 12 денари за килограм ќе биде откупен само еден мал дел или околу 20%, а другото од околу 80% ќе биде откупено по цена од 10 денари. Во време на владите на СДСМ, во време на жетва пречницата се продавала и по 17 денари за килограм и тоа не така одамна – рече Димковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…