(Видео) Володимир Зеленски пристигна во Лондон: Планирана е средба со кралот Чарлс
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е во посета на Велика Британија, од каде пред малку украинските медиуми објавија видео од пристигнувањето во Лондон.
Тој нагласи дека Велика Британија е една од првите кои ѝ пришле на помош на Украина.
„Денеска сум во Лондон за лично да му се заблагодарам на британскиот народ за поддршката и на премиерот Риши Сунак за неговото лидерство“, напиша претседателот.
Зеленски треба да се обрати во британскиот парламент и да ги посети украинските воени лица кои моментално студираат во Велика Британија.
Покрај тоа, предвидено е и средба со кралот Чарлс III.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…
ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…
Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…