(Видео) Вонредна прес-конференција: Структури во државата кои не и мислат добро на Македонија стојат зад назначување на Јакимовски на црната листа на САД!

t

Градоначалникот на општина Карпош, претседател на ГРОМ и кандидат за претседател на државата, Стевче Јакимовски на денешната вонредна прес-конференција пред јавното обвинителство истакна дека е подготвен да одговори на сите прашања пред македонските правосудни органи, но и оние на САД откако ненадејно и без објаснување се најде на таканаречената црна листа на САД.

Тој се сомнева дека одредени структури во државата кои не и мислат добро на Македонија и сакаат да го спречат да стане претседател на државата стојат позади неговото назначување на црната листа на САД.

-Морам јавно да кажам дека не можам да прифатам да бидам на иста листа на која што бил Осама Бин Ладен, претставници на ИСИС, листа на која што е Рамзан Кадиров да бидам и јас и моите деца на истата таа листа. Барам да се спроведе истрага, имаме прашање за кои што сум подготвен да ги одговорам пред било кој истражен орган вклучувајќи ги и тие на САД, но во исто време одговорно тврдам дека има граѓаните на Република Македонија кои треба да одговорат за своите нечесни работи за контактите со кого ги имале и за целата подготовка околу целата операција за нивно директно вмешување во изборната трка за претседател на Република Македонија, вели Јакимовски.

Јакимовски потенцираше дека поднел кривична пријава против Н.Н. сторител кој според него стои зад ова грубо вмешување во изборната трка за претседател и има за цел да ја минира неговата претседателска кампања.

-Јас сум човек со достоинство, јас сум човек со чест, достоинството на еден човек чини оноклку колку што е спремен да го плати. Јас сум спремен да платам и највисока цена, но нема да попуштам пред неправдата и пред сите оние што се организирале да направат нечесна игра и грубо мешање во изборот на претседател на Република Македонија и ќе истраам максимално. Поднесов кривична пријава против Н.Н. сторител до Јавното обинителство за организиран криминал и корупција и во исто време побарав средба во обвинителството. Имам да им соопштам одредени сознанија кои јас ги имам и во исто време стојам на располагање за било кое прашање кое јас треба да го одговорам, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…