(Видео) Вселенскиот телескоп Џејмс Веб пристигна на целта!

t

Вчера, помошните мотори од вселенскиот телескоп Веб беа активирани во траење од речиси пет минути (297 секунди). Со ова беше направена последната корекција на курсот на Веб по лансирањето, и телескопот беше поставен на средината од патеката го вметнува Веб во орбита околу втората Лагранжова точка Сонце-Земја (L2), на оддалеченост од околу 1,5 милиони километри од Земјата.

Последното активирање на моторите, кое се случи некаде на средината од патеката само го забрза темпото на движење на Веб за 1,6 метри во секунда, што беше токму колку што требаше за да го испрати до неговата зацртана орбита околу точката L2. “Добредојде дома, Веб!” – со радост извика администраторот на НАСА Бил Нелсон, кој потоа му честиташе на тимот од мисијата за досегашната напорна работа којашто овозможи целиот пат и расклопување на телескопот да помине без проблеми.

Орбитата на Веб ќе овозможи неговиот поглед да продре длабоко во космосот во секој даден момент, додека неговата телескопска оптика и научните инструменти безбедно заштитени од Сонцето ќе останат доволно ладни за да функционираат и да оптимално да ги работат научните задачи. На својот пат до L2 вселенскиот телескоп користеше што е можно помалку од погонското гориво за корекции на курсот, со цел да остане колку што е можно повеќе погонско гориво за редовните научни операции што Веб ќе ги извршува во текот на планираниот животен век – одржување на местоположбата (мали прилагодувања за одржување на Веб во саканата орбита ) и намалување на импулсниот момент (како контратежа на ефектите од притисокот на сончевото зрачење врз огромниот сончев штит).

Како што веќе споменавме вселенскиот телескоп Џејмс Веб е најголемиот, најмоќниот и најкомплексниот вселенски научен телескоп некогаш изграден во светот. Телескопот Веб ќе работи за решавање на мистериите во нашиот Сончев систем, неговото “око” ќе погледне далеку, во далечните светови околу другите ѕвезди и ќе ги испита мистериозните космички структури и потеклото на нашиот универзум, со што ќе се доближиме до разбирањето на нашето место во него.

Вселенскиот телеско Џејмс Веб е меѓународен проект предводена од НАСА, изведен во соработка со нејзините партнери, ЕСА (Европската вселенска агенција) и Канадската вселенска агенција (ЦСА).

Со оглед на долгиот процес на калибрирање на огледалото и на инструментите, првите фотографии од Џејмс Веб се очекува да пристигнат дури на лето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарите во Македонија се гледаат од вселената

Големите пожари кои со денови беснеат на…

Американски генерал: САД треба да ја контролираат…

Генерал-полковник на Маринскиот корпус на војската на…

МИОА: Македонија доби место во Вселената

Македонија денеска ги потпиша финалните акти за…

Путин: Во иднина статусот на една држава…

Високиот статус на една земја на светската…

(Фото) НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА : Телескоп сними како…

Сликите направени од телескопот „Џејмс Веб“ ги…