МИОА: Македонија доби место во Вселената
Македонија денеска ги потпиша финалните акти за добивање орбитална позиција во рамки на Светската радиокомуникациска конференција на ITU (WRC-23), која се одржува во Дубаи, известуваат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).
Според министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, финалните акти го дефинираат начинот на заедничко користење на радиофреквенцискиот спектар и сателитската орбита.
– Процесот на координација за добивање на иста орбитална позиција во фиксната и радиодифузната сателитска служба беше долг, но на крај успеавме. Денеска Македонија има место и во орбитата. Нашата орбитална позиција од денеска е сигурна, следен чекор е лансирање на Сателитот, истакнуваат од МИОА.
Второто достигнување за нашата земја на конференцијата, посочуваат од МИОА, е дигиталната дивиденда 3 со која се ослободува фреквенциски простор за шестата генерација мобилни мрежи (6G) во пониски фреквенциски опсези.
– Денес, земји од целиот свет на Светската радиокомуникациска конференција на ITU (WRC-23) ја дефинираа дигиталната трансформација, нагласуваат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…