(Видео) Гаревски: Мислам дека нема простор за паника за случајот со мостот Беласица, ќе се направат сите можни проверки!
Мислам дека нема простор за паника, но да уште некој ден за да кажам дека воопшто нема простор за паника, вели во денешната епизода на Тешки муабети професорот Михаил Гаревски зборувајќи за мостот Беласица.
-Несериозно е веднаш да се каже дека нема простор за паника, јас ја правев експертизата и за Глобал, пожарот во Глобал ми делуваше посилен, појак и подолго траеше. Ние отидовме 5-6 дена после пожарот со наша опрема да испитуваме и битно е да се напрви склерометија.
Овде е малку посложена ситуацијата, но среќа што мостот не е челичен, да беше челичен можеше да има и паднати делови но ова е армирано-бетонска конструкција.
Столбовите се сосема добри но горниот дел мора да се замени, така што визуелната инспекција е важна да се утврди кој е степенот на оштетување. Кога имаме само отпаѓање на бетон, но нема општетување и рушење, тоа е релативно мало оштетување.
Ние ивадивме кернови од плочата која само е отпаднат заштитниот бетон, се гледа арматурата во 80%. Добивме одлични резултати, не се брзам да ги кажам, обично трета карактеристика на визуелната инспекција е бојата на бетонот. Бојата на бетонот по целата должина на цилиндарот е како нормален бетон и резултатите се одлични.
Постоеше ризик, кај овие плочи на секои 6 метри има попречни носачи во сандаците и плочата има затеги, таму е малку ризикот поголем но ме утеши многу кога го видов бетонот. Ќе провериме еден кабел, но и тие кабли што ми изгледаат дека не се опуштени, а најдиректно беа изложени на пожар, тие се релативно лесни интервенции.
Пукнатини како резултат на попуштање, нема. Ќе направиме ние пробно товарање откако децидно ќе ги кажеме резултатите и посе тоа мостот ќе може да се пушти, вели Гаревски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се бара нуркач за да ја провери…
Се бара нуркач за да ја провери…
Се санира оштетениот мост на магистралата А3…
Паралелно, во Делчево се работи и на…
(Видео) Полицијата спречила трагедија: Неколку минути пред…
Сообраќајната полиција кај Чачак спречи трагедија, запирајќи…
(Видео) Гаревски: Мислам дека нема простор за…
Мислам дека нема простор за паника, но…
Пожарот на мостот „Беласица“ бил намерно предизвикан,…
Пожарот на мостот „Беласица“ бил подметнат, дознава…