Изгаснат пожарот на Беласица, зафатени околу 20 хектари шума
Пожарот кој избувна во подножјето на планината Беласица на 10 ноември, меѓу селата Смоларе и Мокрино, е изгаснат, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– Шумскиот пожар е ликвидиран, а беше зафатена површина од околу 20 хектари најразновидна шума. На терен беа 7 вработени и 2 теренски возила од ЈП „Национални шуми“, ПШС „Беласица-Струмица“ – се наведува во информацијата од ЦУК.
Завчера дојде до повторно разгорување на пожарот на планината Беласица во близина на село Смоларе и притоа се приближил кон црквата „Свети Петар и Павле“, но со брза интервенција не беше дозволено пожарот да се прошири.
Инаку, вчера и покрај влажното и студено време струмичките пожарникари интервенирале на пожар на отворено на запалена ниска вегетација, капини и тополи во село Робово, Општина Босилово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…