Гeрмaнckи вojниk се зakaни нa Гeрмaниja: Пoвлeчeтe ги мeркитe прoтив koвид или ќe имa мртви

t

Германскиот војник на својата влада и дал ултиматум до денеска во 16:00 часот да ги повлече сите мерки против коронавирус и да се откаже од планираното задолжително вакцинирање.

Според неговите зборови, ако владата не го исполни неговиот ултиматум, “ќе има тела по полиња”.

Како што се наведува во твитот кој го објавил новинарот и уредникот на весникот “Bild”, Јулиан Ропке, германското Министерство за одбрана трага по овој војник.

Ропке го пренел и видеото во кое непознатиот војник ги изнесува своите закани.

Германското министерство за одбрана на твитер навело дека на интернет кружи снимка од војник која често се споделува.

“Содржи закани против владеењето на правото кои се неприфатливи. Последиците веќе се истражуваат”, навело Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски на средба со Бегај: Има потреба…

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со…

Шукова: Продолжен е рокот за изградба на…

Продолжен е рокот на грчката компанија „Архиродон“…

Холандија даде зелено светло за членство на…

Огромен чекор на патот на Бугарија кон…

Пронајдени двете девојчиња од Струшко, кои пред…

Полициски службеници денеска ги пронајдоа двете девојчиња…

4,3 ТОНИ МАРИХУАНА ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОСТИВАРСКО!

Од правно лице во село Врапчиште –…