(Видео) ГОЛЕМА АКЦИЈА на МВР: Запленета дрога во вредност од 300.000 ЕВРА!
На 05.04.2023, полициски службеници Одделението за безбедност на патниот сообраќај Неготино во координација со СВР Велес – ОВР Неготино – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишиле од слобода Б.А.(37) од с.Буковиќ, општина Сарај, М.А.(21) од с.Копаница и Н.А.(18) од с.Буковиќ.
При преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.А., биле пронајдени четири патни торби со вкупно околу 100 килограми висококвалитетна марихуана во вредност од околу 300.000 евра, која најверојатно потекнува од фабрика за производство на масло од канабис за медицински цели, а која при улична продажба би достигнала цена од 600.000 евра.
Имено, околу 20.00 часот на бул.„Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници дале наредба за запирање на возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало, а веднаш потоа било запрено патничкото возило „мерцедес“. Притоа, возачот Б.А. се обидел да избега, но набргу бил фатен, а при преглед во возилото била пронајдена дрогата. Набргу, по преземени мерки било пронајдено и запрено и возилото „шкода октавија“, кое го управувал М.А., а совозач бил Н.А., кое играло улога на претходница на возилото „мерцедес“. Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на приведените лица, при што кај М.А. биле пронајдени и одземени два пиштола, кои ги поседувал без дозвола, соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.
Во врска со настанот, во текот на денот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи со претставници на Комисијата за оценување на исполнетост на услови по однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување канабис за медицински цели при Министерството за здравство ќе извршат вонредни контроли во фабрики за производство на масло од канабис за медицински цели во околината на Кавадарци и Неготино.
-Оваа акција и заплена на дрога уште една во низата заплени на Министерството за внатрешни работи со што недвосмислено се продолжува со бескомпромисната борба против недозволената трговија со наркотични дроги, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…
Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…
Ни трага ни глас од скандалот на…
Ни трага ни глас од скандалот на…
И денеска може да подигнете лични карти,…
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…
(Видео) СКАНДАЛ: Братот на заменик МВР кој…
Заменикот на Панче Тошковски, Астрит Исени демантира…
Потпишани договорите на новите полициски службеници од…
Денеска (01.08.2024) министерот за внатрешни работи Панче…