(Видео) Големи пожари на Осоговските планини, кај Јасен и на Илинска планина

t

Во моментов на територијата на Македонија беснеат девет пожари на отворено. На пожарот на Осоговските планини, Општина Пробиштип, на исклучително тешко пристапен терен се делува со осум хеликоптери. Пожарот кај селата Тажево и Брезница кон Јасен, Македонски Брод,  е на тешко пристапен терен и денеска тука се упати тимот од Унгарија, две тешки теренски возила и 46 добро обучени пожарникари.

На Илинска планина пожарот се гасне со три ер-трактори, но резултатот е слаб. Пожарот на територијата на Општина Пласница е под контрола, но во Пехчево гори борова шума. Овој пожар беше под контрола, но повторно се разгоре.

Попладнево силен пожар изби кај селото Косел,  Охрид, и во опасност е боровата шума во околината. Таму е упатен еден хеликоптер.

И во Скопје избија два пожари, кај Зелениково и Љубанци.

Во јули на територијата на Македонија регистрирани се 620 пожари на отворено, од кои 611 се изгаснати. На 29 јули беше рекордот – 66 пожари во еден ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Емотивен статус на битолскиот пилот на „ер…

Васко Михалчев, еден од пензионираните пилоти на…

Штип бара поддршка од воздух за гаснење…

Пожарникарите, хеликоптерите, припарниците на АРМ и Полицијата,…

Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров

Пожарот кој се случи во станбената зграда…