(Видео) Голем број казни за брзо возење – Продолжуваат трките по македонските улици

Во текот на вчерашниот ден (21.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 266 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 157 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДКСК казни 86 поранешни и актуелни функционери,…
Државната комисија за спречување на корупција објави список со…
Полицијата пиша 1039 казни за само еден…
Министерството за внатрешни работи се вклучи во…
570 возачи санкционирани за едно деноноќие на…
Согласно планот за засилени мерки во сообраќајот…
Казни во висина од 8,5 милиони евра…
За неправилности на плажите во Грција во…
120 „честитки“ за непрописно возење во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот…