(Видео) Голем инцидент на Мечкин Камен: Нападнат репортерот на Инфомакс од партиското обезбедување на СДСМ – за малку избегната тепачка

t

Она што не можевте да го видите на камерите на Македонската радио телевизија е народот кој му се спротивстави на премиерот, Димитар Ковачевски.

Во еден момент поголема група на граѓани започнаа со скандирање на „Никогаш Северна, само Македонија“ што ескалираше со обид за судир помеѓу поддржувачите и противниците на Ковачевски.

Проблемите настанаа кога партиското обезбедување на СДСМ, наместо полицијата се обиде да го раздели народот.

За време на случувањата беше нападнат репортерот на Инфомакс, Борислав Стоилковиќ од страна на партиското обезбедување на СДСМ кое потоа вербално ја нападна и полицијата на Мечкин Камен.

-Кога пристигна Таче поголема група на граѓани почна да скандираат Никогаш Северна, Само Македонија и го исвиркуваа Ковачевски, во тој момент група на СДСМ со партиското обезбедување започна да ги бутка луѓето по што ме нападнаа и мене бидејќи сум бил „партиски снимател“. Им велам јас сум обележан од глава до пети, тргни рацете од мене, јас сум на работа. Викнав полиција која дојде да ме спасува по што вербално ја нападнаа и полицијата, вели репортерот на Инфомакс, Борислав Стоилковиќ.

Погледнете го видеото тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со е-фактура УЈП ќе има увид на…

Управата за јавни приходи, во соработка со…

Ел Нињо удира врз пазарите: Кафето, чоколадото,…

Моќниот климатски феномен Ел Нињо се засилува…

На пристаниште во Франција запленети 4 тони…

Француски цариници заплениле речиси 3,9 тони кокаин,…

ВМРО-ДПМНЕ: Се докажа дека нема ништо незаконски…

По обелоденување на сите информации за проектот…

Зеленски: Штом ќе слушнат дека преговараме, Русија…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев…