(Видео) Голем пожар на дива депонија меѓу Дабиле и Петралинци, струмичките пожарникари на терен
Голем пожар избувна на дива депонија лоцирана помеѓу струмичките села Дабиле и Петралинци. Екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица се на терен и интервенираат за локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење.
За пожарот информираа пожарникарите од Струмица, кои предупредуваат дека горењето отпад на дивите депонии претставува сериозна опасност за животната средина и квалитетот на воздухот.
При согорувањето на отпадот се ослободуваат чад и штетни материи кои можат негативно да влијаат врз здравјето на луѓето и околината.
Од ТППЕ Струмица апелираат до граѓаните да не создаваат диви депонии и да не палат отпад, посочувајќи дека последиците од ваквите пожари можат да бидат сериозни и долготрајни.
Пожарникарите се на терен, а апелот до граѓаните е јасен – спречувањето на ваквите појави е заедничка одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…