Објавено на:

(Видео) “Голем пријател на Украина” – Зеленски лично го пречека претседателот на Европскиот Совет

t

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел денеска пристигна во посета на Киев. Високиот гостин од Европската Унија (ЕУ) беше пречекан лично од претседателот Володимир Зеленски.

Двајцата дискутираа за санкциите против Русија, за одбраната на Украина, за финансиската поддршка на државата, како и за прашалникот за членство во Европската Унија (ЕУ).

Претходно во посета на Украина беа и шефот на европската дипломарија, Жозеп Борел и претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, кои остварија и средба со претседателот Зеленски.

“Голем пријател на Украина” – напиша Зеленски за Мишел во неговата објава на Фејсбук.

Погледнете го видеото на следниот линк: https://www.facebook.com/zelenskiy.official/videos/509347570883755/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Зеленски ќе се сретне со Бајден

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…