Објавено на:

(Видео) Го гледавме сите на телевизија: Сега и доктор Оз yдpи по Ентони Фаучи – тој е „cитeн тиpaнин“

t

Кандидатот за Сенат, д-р Мехмет Оз – кој се кандидира за едно од местата во американскиот Сенат на Пенсилванија како републиканец – го критикуваше д-р Ентони Фаучи во четвртокот и го предизвика шефот на НИХ на дебата нарекувајќи го „ситен тиранин“ кој погрешно се справил со пандемијата.

ТВ-докторот кој се кандидира за Сенатот во неговиот прв обид за изградба на политичката кариера исто е републиканец. Д-р Оз исто така претставува „квалификуван“ глас, со што неговата критика кон Фаучи изгледа поверодостојна.

Оз го критикуваше д-р Фаучи во клип објавен на Твитер: „Дојде време Фаучи да се соочи со фактот дека погрешно раководеше со ковид кризата. Значи, доктор со доктор – ајде да дебатираме. напиша Оз.

Откако се прослави во шоуто на Опра Винфри, во 2009 година, д-р Оз го започна „Шоуто на д-р Оз“, ток-шоуто на тема здравје кое ќе заврши на 14 јануари, бидејќи Оз ја започнува својата трка за функцијата пред средината на ноември. Тој инаку има турско потекло а одлично е познат за македонските граѓани бидејќи неговото шоу се емитуваше и во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фергусон: Неопходно е што поскоро да се…

Амбасадорот на Обединетото Кралство во Србија, Едвард…

Цивилизациите се смртни, па и Европа

Да, направивме многу во последните години. Значи,…

Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални…

Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша…

На барање на одбраната, одложено судењето против…

Во Основниот суд во Струга денеска почна…

Столтенберг: Украина и натаму може да ја…

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави…