(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што ископа МВР во Арачиново!

t

Експлозив и оружје е најдено во Арачиново, во дворот каде со багери се копа со денови. Неофицијално, полицијата на терен пронашла 14 гранати и 200 грама експлозив.

Се докажаа сомневањето дека група Беланоца-Барон криела пари и оружје. Во целата акција беше вклучена Армијата.

Досега беа запленети поголема количина оружје, милиони евра, накит, автомобили, часовници и други вредни предмети.

Истражните органи и натаму работат на прибирање докази за сторени убиства, нарачки за убиства, растурање на дрога.

Акцијата продолжува, а неофицијално вакви заплени се очекуваат и во наредните денови.

Во средата полициски екипи на пат од с.Орланци во правец кон с.Никуштак, во атарот на општина Арачиново пронајде еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…

Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…

ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…

(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…

Оти вие не знаете, на сета мака…

(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…

Не сме глупави, нема да молчиме, не…