(Видео) Граѓаните со итно барање до градоначалникот на Кисела Вода по тешката сообраќајка: Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто?!
Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто?!
Денеска повторно автомобил излета од коловозот и заврши во двор на жител. Само по среќа немаше жртви. Но до кога ќе се потпираме на среќата? Утре тоа може да биде нечиј син, ќерка или родител згмечен на тротоар!
Години наназад алармираме на оваа улица се вози како на автопат! Нема лежечки полицајци, нема контрола. Се што некогаш беше поставено, одамна е уништено од нашите сонародници, во 3 часот ноќе со копач ги корнат и со камиони кочат на нив да ги одкорнат, а институциите молчат. Нивната незаинтересираност е директна закана за животите на жителите!
Доста е со празни ветувања и молк! Бараме ИТНИ мерки поставување на лежечки полицајци. Не утре, не, кога ќе има средства, туку сега пред да има мртви!
Ако општината и надлежните органи продолжат да си ги затвораат очите, секоја идна несреќа и секоја изгубена жртва ќе биде нивна одговорност нивно злосторство со премолчена дозвола!
Градоначалниче Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski, те повикуваме да реагираш!
Жителите на оваа улица очекуваат од тебе итно да се постават лежечки полицајци.
Време е безбедноста на граѓаните да биде на прво место пред да дојде до трагедија!
Видеото и објавата можете да ги погледенете тука
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Граѓаните со итно барање до градоначалникот…
Колку животи треба да се изгубат на…
Холандија забрани влез на двајца израелски министри
Холандија им забрани влез во државата на…
Комисијата за избори и именувања ќе бара…
Собранието се очекува денеска во рамки на…
Активни се седум пожари – пристигнува помош…
Од утрово се активни седум пожари на…
Трамп: Време е да се нахранат децата…
САД под водство на претседателот Доналд Трамп…