Објавено на:

Холандија забрани влез на двајца израелски министри

t

Холандија им забрани влез во државата на израелските министри Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир, посочувајќи ја како причина нивната поддршка за „етничко чистење“ на палестинското население и насилство врз цивилите во Појасот Газа.

Холандскиот министер за надворешни работи, Каспар Валдекамп, изјави дека одлуката е резултат на континуираните повици на Смотрич и Бен Гвир за насилство против Палестинците, пренесе „Тајмс оф Израел“. Според него, тие активно ги поттикнувале нападите на доселениците и го поддржувале „етничкото чистење“ во Газа.

Во реакција на оваа забрана, Бен Гвир на социјалните мрежи изјави: „Дури и ако ми биде забранет влезот во цела Европа, ќе продолжам да работам за нашата земја“. Тој ја критикуваше Европа за, како што рече, нејзината „толеранција кон терористите и бојкот на израелските лидери“, нарекувајќи го тоа двојни стандарди.

Смотрич ја обвини холандската влада дека „попушта пред лагите на радикалниот ислам“. Тој на платформата „X“ објави: „Она што не го разбираат во Холандија и другите европски земји е дека за мене е многу поважно од влегувањето во Холандија моите деца, внуци и правнуци, како и децата на сите Евреи во светот, да можат да живеат безбедно во Државата Израел со децении и векови што доаѓаат“.

Забраната за влез доаѓа еден ден откако холандскиот премиер Дик Шоф објави дека неговата влада разгледува дополнителни мерки против Израел, како дел од поширокиот европски притисок поради хуманитарната состојба во Газа. ЕУ, исто така, предложи делумно суспендирање на финансирањето за израелските истражувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев повторно се пожали дека „проблемите на…

„Европа мора да учествува во преговорите за…

Приведен маж од Кичево, возел автомобил без…

На 11.11.2026 во 21:30 часот на ул.„Магистрален…

Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…

Извршниот одбор на Народната банка на Србија…

Затвор за лажни вести што ќе го…

Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…