(Видео) Груби во “МРЕЖА”: Договорот за коридорите не е таен и ќе биде претставен пред пратениците – Опозицијата учествуваше во целиот процес
Во денешната епизода на “МРЕЖА”, првиот вице-премиер Артан Груби одговори на прашањата на Инфомакс во врска со Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д. Груби истакна дека договорот има клаузула за доверливост но воопшто не е таен, туку ќе биде претставен пред пратениците во Собранието.
-Не е точно дека Договорот е таен, немаме намера да криеме нешто, напротив овој процес кој се води две години е јавен и многу транспарентен. Во процесот беа вклучени многу институции, имаше понуда да биде вклучена и опозицијата и ме чудат денешниве реакции затоа што беа дел од овој процес.
Договорот не е државна тајна, тој е од доверлив карактер, но не смеат да се објавуваат само определени клаузули под договорот но такци се скоро сите договори кои се потпишани од ЈПДП бидејќи има деловни тајни бидејчи секоја компанија има свои деловни тајни, објаснува Груби.
-Целиот договор беше преточен во Закон и усвоен од страна на Собранието и не е државна тајна дефинитивно.
Ние како Влада сме спремни на барањата на пратениците да одговориме афирмативно и јас вчера побарав од страна на пратениците да ни овозможат пред собраниска комисија да го претставиме Договорот. Целиот управувачки комитет е готов да рапортира пред Собранието и пратениците и да одговори на сите нивни прашања, нема што да криеме, нема ништо страшно за државата, напротив е многу убаво за државата. Од претходно искуство решивме на друг начин да постапиме овојпат, на начин на кој сите држави од регионот да го решат прашањето со автопатите, вели Груби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разоткриени израелски шпиони во Иран
Борците на Исламскиот џихад заплениле сервери со…
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
(Видео) Обуката на резервни сили и развој…
Понекогаш добиваме впечаток дека Србија има којзнае…
(Видео) Дали набавките на ново оружје на…
Во денешната епизода на МРЕЖА, професорот Оливер…
(Видео) Со испраќање на помош за Украина…
Нашата тенеденција во вооружувањето и прилагодувањето кон…