(Видео) Обуката на резервни сили и развој на наменската индустрија треба да бидат клучни за Македонија и АРМ во идниот период
Понекогаш добиваме впечаток дека Србија има којзнае што направено, дека Србија има совршени системи, јака Армија и слично, вели во денешната епизода на Мрежа професорот Оливер Аноднов, коментирајќи ја состојбата на армиите на земјите од регионот во однос на вооружувањето.
-Уште во времето на ЈНА, во Македонија имаше најмал дел на наменска индустрија, таа се наоѓаше најмногу во Србија и Босна. Србија наследи нешто што можеше да го користи, пренамени дел од југословенските системи само. Во однос на оклопните единици нема некаков напредок таму, останаа на М-84, гранатите за топовите останаа исти, таму нема промена.
Нема ни нови воздухоплови во српската Армија, легаат со МиГ-19, набавени од Русија уште во време на Југославија со домет до 8 километри наместо како оригиналните со 30 километри, тие само создаваат убава слика дека ја модернизираат армијата.
Малите држави како нас треба да се ориентираат кон развивање на наменска индустрија за заштитна опрема и лично вооружување, вели Андонов.
-Ние треба да посветиме внимание на обука на резервни сили, можеби и враќање на служењето нав воениот рок. Тоа не мора да биде примарно борбена обука, за три месеци не може да се создаде совршен војник, но да се обучи за ракување со оружје и за опасностите од неправилно ракување.
Обуката не е исклучено борбена, ориентација на земјиште, прва помош и здравствена заштита, делување во време на поплави, пожари, земјотреси и слично, додава професорот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Професионалните војници по 45 години ќе можат…
Професионалните војници кои ќе наполнат 45 години…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Сиљановска: Македонската Армија покажа дека и мала…
Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили,…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…