(Видео) Груевски: Честитки за прогласувањето на Бошковски за невин, сега “ќе порасне” довербата во судството
Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук ја коментира одлуката за ослободување од вина на Љубе Бошковски. Според него со ваквата одлука “ќе порасне” довербата во судството во Македонија.
– Честитки за денешната судска пресуда во која Љубе Бошковски е прогласен за невин, со што мислам дека дополнително и значајно ќе “порасне” довербата во македонското судство како “целосно независно и неконтролирано од власта”.
Се надевам и на искрени честитки од преставниците на меѓународната заедница за напредокот во независното судство и генерално напредокот на Македонија.
Инаку главниот доказ во овој случај што обвинителот го приложил е видео снимка која е законски прибавена со одлука на обвинител и судија, што значи дека е полноправна пред судот.
Краток сегмент од снимката од околу две минути можете да видите подолу и да се уверите дека “никакви” пари за кампања не биле дадени и тоа од преставник на Грција чии услов бил “жртвата” Љубе Бошковски одкако ќе победи на изборите во 2011 година (настанот е пред тогашните избори) да го смени името на државата, а во истата кажува, а подоцна во коалиција со СДСМ и докажа дека нема да има проблем придавката “Северна”.
Да бидеме искрени и без иронија, после ослободувањето на Заев и прогласување невин со иста ваква снимка законски прибавена со одлука на обвинител и судија и тоа за барање мито за него лично, оваа одлука и не е баш преголемо изненадување.
Мислам дека овие две законски прибавени снимки и двете невини “жртви” ќе влезат во антологијата на македонското судство, еден ден ќе станат и дел од учебниците во некоја земја.
Во исто време веќе шест години тече прогонот по судовите на нивните политички противници, на онаа структура која се бореше и ризикуваше со цел да не се прифатат оние услови кои ги бараше Грција, каде критериумите на обвинителството и судот се многу различни.
Тоа не е само казна за нас, туку и покажување на “среден прст” на сите оние кои се спротиставуваа на промената на името, историјата и идентитетот по грчки терк, а уште еден таков чин се подготвува да се случи во следната година, најверојатно по следните парламентарни избори, во изведба на некои други “Љубевци” и “Заевци”. – напиша Груевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…
КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Груевски открива дека Заев има бизниси во…
Иако во минатото во повеќе наврати кажав…
Каков “шамар”: Тајвански “Јагео” не доаѓа во…
Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето…
(Видео) Груевски: Честитки за прогласувањето на Бошковски…
Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук ја…