(Видео) Дали врвот на ВМРО-ДПМНЕ нарачале палење на камиони во Карпош?!

t

Во денешната епизода на Тешки муабети Стевчо Јакимовски и уредникот на Инфомакс, Александар Митовски зборуваа за палењето на камионите на сопственикот на “Техно павер” и дека сомнежите повторно водат кон врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали се оградија и го осудија нападот на советникот во Карпош? Ама се случи уште една немила работа во Карпош. Двајца со капуљачи преку лепенец влегуваат во Техно павер, тоа е бетоњерата и палат пет камиони на човекот.

Причината за раскинување на коалицијата меѓу ГРОМ и ВМРО-ДПМНЕ беше седница на советот на Карпош на која требае да се изгласа да оди во анкета овој ДУП, значи не носење на ДУП туку распишување на анкета. Согласно тој ДУП требаше да се дислоцира бетоњерата и таму да се градат станбени згради, од таму имаше загадување, причината неофицијално се шпекулира зошто не гласале е дека советниците имале задача да блокираат најмногу што можат за да се даде време со сопственикот на бетоњерата да се испреговара кој што и колку ќе даде. Или во училен речник политичкиот врв на ВМРО-ДПМНЕ го рекетирал сопственикот на бетоњерата.

На тој човек пред некој ден му се запалени пет камиони, со фантомки на ист начин како што го тепале детето пред некој ден. Преку Лепенец влегуваат и со бензин ги полеваат и му ги палат камионите.

Сомнежите одат кон врвот на ВМРО-ДПМНЕ, велат Јакимовски и Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…