(Видео) Дебакл на Тошковски: Само осум приведени од 750 ПРИЈАВЕНИ НАСТАНИ!

t

Осум лица се уапсени по вчерашните инциденти во повеќе градови низ Македонија за време на прославите по повод Денот на албанското знаме, соопшти денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковки.

Според информациите на Инфомакс до МВР биле пријавени нешто повеќе од 750 НАСТАНИ во текот на вчерашниот ден и за време на инцидентите. Министерот денеска истакна дека полицијата соодветно постапила по вчерашните настани, дека ќе бидат поднесени најмалку три кривични пријави и дека МВР работи совесно и одговорно. Како МВР работи совесно и одговорно кога по повеќе од 750 пријави приведени се само ОСУМ лица, се уште е нејасно.

Министерот денеска на прес-конференција во СВР Скопје истакна дека вакви настани имало и ќе има, слично како и неговата претходна изјава дека „убиства имало и ќе има“. Според Тошковски убиства и вакви настани ќе има, успех е доколку сепронајдат сторителите.

На прашање на Инфомакс како министер за внатрешни работи може да си дозволи да даде таква изјава, каде е превентивната улога на МВР и како успех е да се пронајде убиец, наместо да се спречи убиство, Тошковски не даде соодветен одговор.

Погледнете ја прес-конференцијата на министерот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…

Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…

ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…

(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…

Оти вие не знаете, на сета мака…

(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…

Не сме глупави, нема да молчиме, не…