(Видео) Детали: Новинари на ТВ 21 повикани на разговор со инспектори од МВР и АНБ!

Попладнево во полициска станица во Центар, на информативен разговор, по големиот собир на плоштадот „Македонија“, беа повикани главниот уредник на ТВ21, Ерол Шакири и новинарот и уредник на вести, Јовица Пауноски.
Објаснувањето на полицијата било дека се повикани затоа што оделе во живо со снимки од дрон кој тежел повеќе од дозволеното, но и во моментот имало активна забрана за дронови во Скопје. Во станица покрај полицијата, имало и инспектори од Агенцијата за национална безбедност.
Со свое сведоштво за настанот излегоа токму колегите кои истакнаа дека МВР ги посетила и ги земала сите потребни документи, по што по кратко време повторно се вратиле и ги повикале на разговор.
„Практично користевме дрон како што и во претходните две-три години го правиме тоа со цел да пренесеме вистинска слика и тоа што е јавен интерес и граѓаните да бидат навремено информирани. Проблемот кој се јави, бевме известени дека има целосна забрана за летање на било каков дрон на територија на Скопје, Штип и Кочани“, вели колегата Јовица Пауноски.
Како што велат, соопштението за активната забрана за Штип и Кочани е добиено 10 минути откако веќе биле во полициската станица, по што добиле информација дека истото ќе биде надградено и ажурирано.
„Користевме дрон кој што е под 245 гр. кој со последните измени на законот кој што наводно биле донесени во месец јануари, тие законски параметри биле симнати и сега дрон може да се лета без посебна најава и дозвола само со 200 гр.“, додава Пауноски.
На ова се надоврза и Шакири кој нагласи дека ТВ21 секогаш работи по закон, и никогаш до сега не прекршила закон.
„За дрон под 245 грама не треба дозвола за летање и сертификати, ние тој дрон секогаш сме го користеле. Сега наводно, и ние сега ја дознавме информацијата, законот е сменет во јануари и грамажата е смалена на 200 грама, меѓутоа за тоа ние дознаваме денеска затоа што на страната се уште нема нова информација“, вели Шакири.
ИЗВОР: ТВ21
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
TВ21:Македонија во црни дресови против Лихтенштајн, фудбалерите…
Дури и фудбалерите на репрезентација се тажни…
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
„Па нели јас манипулирав за одговорноста на…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
Седум полициски службеници осомничени за Тешки дела…
Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за…
(Видео) Детали: Новинари на ТВ 21 повикани…
Попладнево во полициска станица во Центар, на…