(Видео) Дете загина во торнадо во Мичиген, пет лица се повредени во Мериленд
2-годишно момче загина, а неговата мајка е тешко повредена кога торнадо урна дрво кое паднало врз нивната куќа во предградие на Детроит во американската сојузна држава Мичиген во средата.
Во исто време пет лица се повредени, од кои едно потешко, кога торнадо собори дрво на куќа во Гајтерсбург во американската сојузна држава Мериленд, пренесува АП.
Детето починало на местото на настанот, а мајката е пренесена во болница во критична состојба, додека 2-годишното бебе, кое било во креветче во посебна просторија, не е повредено и е пренесено во болница на евалуација, соопшти Противпожарниот шеф на Ливонија, Роберт Џонсон.
Официјални лица на Ливонија објавија на веб-страницата на градот дека торнадо погоди неколку населби во градот во средата попладне.
Националната метеоролошка служба во Детроит објави на платформата X во средата вечерта дека торнадо со максимална брзина од 153 километри на час допре во Ливонија, корнејќи дрвја и оштетувајќи некои домови.
Предупредувања за торнадо беа издадени и во средата навечер во американската држава Делавер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Торнадо во Русија, искорнати се далеководи,…
Ретко торнадо погоди два региони во Русија,…
(Видео) Дете загина во торнадо во Мичиген,…
2-годишно момче загина, а неговата мајка е…
Торнадо опустоши цел град во американската сојузна…
Неколку луѓе загинаа кога торнадо дивееше низ…
(Фото+видео) Торнадо ја опустоши јужна Кина, падна…
Пет лица загинаа вчера во торнадо во…
КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД…
Десетици торнада го погодија централниот дел на…