Торнадо опустоши цел град во американската сојузна држава Ајова
Неколку луѓе загинаа кога торнадо дивееше низ градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина луѓе се повредени, пренесе Ројтерс.
Фотографиите од Гринфилд покажуваат уништени домови, расфрлани остатоци и неколку големи соборени турбини на ветер.

„Торнадото уништи добар дел од овој град. Можеме да потврдиме дека има повеќе жртви за време на торнадото“, изјави портпаролот на полицијата на државата Ајова, наредникот Алекс Динкла, без да прецизира колку луѓе се повредени.
Најмалку десетина луѓе во градот со околу 2.000 жители се повредени во торнадото, додаде тој.

Локалната болница била оштетена за време на невремето, па повредените морале да бидат префрлени во медицинските установи во соседните градови.
Како што додава британската новинска агенција, видеата покажаа уништени автомобили и голема штета на бензинска пумпа во Гринфилд, седиштето на округот Адаир, кој заедно со соседниот округ Адамс најмногу настрада.
Гувернерот на Ајова, Ким Рејнолдс, прогласи итна природна катастрофа во 15 окрузи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силно торнадо во Полска оштети куќи и…
Силно торнадо е пријавено во Полска, откако…
Смртоносно торнадо во Португалија: Три лица загинаа,…
Португалија е погодена од разорен налет на…
Торнадо го погоди Бразил, пет мртви и…
Торнадото што ја погоди сојузната држава Парана…
Торнадо ја погоди северна Италија, паѓаше и…
Силни бури погодија големи делови од Италија,…
(Видео) Силно торнадо опустоши шпански град, жителка…
Силно торнадо уништи живописна улица во Позо…