(Видео) Диви депонии никнуваат низ Гази Баба!
Диви депонии никнуваат низ Гази Баба, вели на прес-конференција на советничката од Левица во Советот на Општина Гази Баба, Марија Ѓошевска.
-,, Двете најголеми скопски општини, Гази Баба и Аеродром, и двете управувани од кадри на ДПМНЕ, Гази Баба од Бобан Стефковски , а Аеродром од Тимчо Муцунски , се поврзани со мост од ѓубре!
Мостот што ги спојува овие две општини е претворен во дива депонија од која што се шири ужасна смрдеа, депонија која што е магнет за кучињата скитници кои исто така се слика за неизвршувањето на обврските од страна на првите луѓе во општините Гази Баба и Аеродром, депонија која што е потенцијално жариште за ширење заразни болести!
Граѓаните на Јурумлери и околните места веќе долго време се жалат на овој проблем, а за да може и пошироката јавност да види колкав е капацитетот на ДПМНЕ за решавање проблеми предлагаме и на оваа локација да снимат некој од нивните предизборни спотови во кои ќе побараат поддршка за вака да ги решаваат и проблемите во државата!
Како советничка група во советот на општина Гази Баба ги повикуваме градоначалникот Бобан Стефковски ,надлежните инспекции,ЈКП” Гази Баба 2007 “да се разбудат од зимски сон, да се фатат за работа и да ја исчистат оваа депонија!!! – вели Ѓошевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…
Левица и Апасиев му честитаа победа на…
Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…
Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…
По информацијата за само 2 583 студентски…