(Видео) Димитар Димовски е “глумец” кој не бил присилен туку доброволно соработувал со УДБА

t

Најчестото име кое се појавува во бизнис зделките е Димитар Димовски, дел од најтесниот круг на Мицкоски за чија историја во денешната епизода на Тешки муабети зборува Филип Петровски.

– Димовски е “глумец”, тоа му е кодно име, има жртви и соработници на службите. 1997 година имате лом во ВМРО кога Змејковски пробува да ја преземе партијата, практично во таа кавга во тој ЦК ја губи позицијата Змејко, Љупчо застанува целосно на страната на Доста, Змејко напушта заедно со Соколов и Димовски.

Тука се појавуваат белешките за соработка со службата кои се објавени.

За мене беше вчудоневидувачки на што се определил, тие информации прво ги објави Зоран Божиновски па дојде од аферата шпион.

После 2002-2003 по завршувањето на важењето на Законот за отворање на досиеја водени од политички причини и МВР ги предава во Државен архив. Некои од луѓето таму ччкаа, дел членови на ВМРО кои го откриваат Димовски и откриваат дека бил соработник.

Вадат копии и со нив го уценуваат дека ако не даде пари ќе ги објават, ги испрачаат на Божиновски кој ги објавува.

Во процесот на таа уцена тој ги пријавува во полиција и луѓето завршија во атвор затоа што го уценувале. Сите тие 630000 страници гтреба да се скенираат и да се објават јавно на сајт, ако треба имиеа од безбедносен карактер да се покријат ама секој да може да истражува, вели Петровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојди Никола, Илија има нешто да ти…

Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор се…